Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Таџикистан, соопшти Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил регистриран на 109 километри источно од главниот град Душанбе и на 15 километри југоисточно од градот Рогун. Потресот се случил на длабочина од 10 километри.
Нема извештаи за повредени лица или причинета материјална штета.