Владата на Унгарија соопшти дека вчера постигнала договор со кинеската компанија Синофарм за купување на вакцини против Ковид-19.
Унгарија е прва земја-членка на Европска Унија која ја одобри вакцината на Синофарм.
Владата на Унгарија ја критикуваше ЕУ поради пребавното купување и дистрибуција на вакцините, истакнувајќи дека поради тоа е загрозена економската обнова на земјата.
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека поради „скандалозната“ бавна набавка на вакцините од страна на Европска комисија нема брза дистрибуција на вакцините на почетокот на годината.
– Ако погледднеме понатаму од границата на ЕУ, ќе видиме дека САД, Велика Британија и Израел го вакцинираат населението со вртоглава брзина, истакна Сирјарто.