Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека последната фаза од „војната против вирусот корона“ започнува со двонеделното заклучување на земјата, кое започнува во понеделник, на 8 март.
Тој за унгарското радио „Косут“ изјави дека владата нема друг избор откако експертите предупредуваат на „катастрофални последици“ доколку не биде донесена ваква одлука, пренесува МТИ.
– Мораме да затвориме сега, за да се отвориме до Велигден, рече Орбан.