петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уништени белите дробови на планетата: За 24 часа во Амазонија се забележани повеќе од 1.000 пожари (ВИДЕО)

Уништени белите дробови на планетата: За 24 часа во Амазонија се забележани повеќе од 1.000 пожари (ВИДЕО)

Во девет бразилски држави кои граничат со амазонскиот базен, бројот на пожари значително е пораснат за повеќе од 20 осто во јули во споредба со истиот месец претходната година. Овие податоци ги објави националниот Институт за вселенско истражување Инпе.

Институтот наведува дека во јули оваа година се регистрирани 6.804 пожари, во споредба со оние 5.318 регистрирани во јули претходната година. Службените лица стравуваат дека 2020 година може да биде полоша од 2019 година за прашумата во Бразил.

Само во четвртокот, сателитите снимили 1.007 пожари во Амазонија, кои бразилскиот „Гринпис“ ги нарекува како  15 годишен негативен рекорд за ден во јули.

Активист на „Гринпис“, Ромуло Батиста, изјави дека забраната за палење на растенија со официјална уредба, нема да функционира се додека не биде засилен надзорот на тоа поле.

Некаде околу средината на јули, министерот за животна средина, Рикардо Салес и претседателот Жаир Болсонаро, го забранија палењето на растенија на 120 дена во амазонскиот регион и Пантанал, најголемото подрачје на мочуришта во светот.

Десничарскиот популист Болсонаро го поддржува економското искористување на Амазонија. Минатата година бил жестоко критикуван поради пожарите во Амазонија.

Го обвинуваат дека прифаќа уништување заради отворање на нови подрачја за земјоделство, сточарство и рударство.

Амазонија е најголема светска прашума и научниците предупредуваат дека е клучна за одбрана против климатските промени, затоа што ги апсорбира гасовите од стаклените градини.