сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Универзитет нуди награди за студенти кои ќе изгубат тежина

Универзитет нуди награди за студенти кои ќе изгубат тежина

Универзитетот во Тианџин им нуди на студентите академски кредит и дополнителни награди, како велосипеди и претплата за базен, ако се вклучат во програмата за слабеење и успеат да ги постигнат поставените цели.

Во првата група беа избрани 20 студенти од 107 кандидати. Курсот за губење на тежината трае 21 ден, а условот е индексот на телесна маса на кандидатот да е 26.

-Нудиме различни часови, кои вклучуваат кикбокс, јога и чи кунг, систем на физички и вежби за дишење, кои се корисни како за физичкото, така и за менталното здравје. Нивната цел е да ја зголемат силата и издржливоста на учениците, да им помогнат да станат побрзи и поуспешни, вели учителот по јога Џинг Шуи.

Прекумерната консумација на мрсна и калорична храна и недостатокот од недоволното занимавање со спорт се меѓу главните причини за дебелината, која стана сериозен проблем во Кина. Статистика од кинеските центри за контрола на болести и превенција покажуваат дека во 2017 година 30 отсто од возрасната популација во земјата имале прекумерна тежина, а 11,9 проценти се дебели.

Повеќето студенти успеваат да го надминат физичкиот замор и мрзеливоста и да постигнат задоволителни резултати на крајот на програмата, објаснува Џинг Шуи.