недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште два нови земјотреси во Јадранското Море, 10-ти земјотрес за 66 часа

Уште два нови земјотреси во Јадранското Море, 10-ти земјотрес за 66 часа

Утринава беа регистрирани два нови земјотреси на Јадранот, од кои првиот со јачина од 3,1 степен се случи во пет часот, со епицентар на 65 километри северозападно од Виеште во Италија.

Вториот бил во 7,51 часот, со јачина од 3,2 степени, со епицентар на 48 километри југоисточно од Вис и 100 километри јужно од Сплит, проценува ЕМСЦ.

Ова е 10-ти земјотрес во Јадранското Море во последните 66 часа, пренесува ЕМСЦ.