вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Уште еден земјотрес во Романија

Уште еден земјотрес во Романија

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Романија во округот Горж, каде претходно оваа недела се случија два умерени земјотреси, јавија романските медиуми.

Поради земјотресот утрово е евакуирана подрачната управа на Горж, јавува ТВ Диги 24. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 8,7 километри.

Серија потреси беа регистрирани во округот Горж во областа Олтенија (Југозападна Романија) оваа недела, од кои најсилните без во вторникот на 14 февруари, со јачина од 5,7 степени. Ден претходно во истото подрачје е регистриран земјотрес со јачина од 5,2 степени.