недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште една земја во Европа одлучи да го легализира канабисот

Уште една земја во Европа одлучи да го легализира канабисот

Луксембург ќе стане втора држава во Европа која ќе го легализира одгледувањето на канабисот за лични потреби и консумација, но не и за поседување и продажба.

Министерката за правда Сем Тансон го претставила предлог законот кој ќе им овозможи на граѓаните дома да одгледуваат до четири билки, но напоменала дека тие не смеат да бидат на видно место.

Тансон додала дека новиот закон ќе овозможи консумирање на марихуана, но само дома. На јавните места тоа и натаму ќе биде забрането.

-Легализација на одгледување и приватна потрошувачка е првиот чекор во рамки на концептот за спротивставување на илегалниот пазар и илегалната трговија со канабис, се наведува во презентацијата.

Новото законско решение не се однесува на малолетни лица кои доколку бидат фатени ќе добијат пријава.

Откако нацрт законот беше претставен, истиот е испратен во парламентот на разгледување и усвојување.