петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УЖАС ВО САД: Осум лица пронајдени мртви, 6 од нив се деца

УЖАС ВО САД: Осум лица пронајдени мртви, 6 од нив се деца

Во американската сојузна држава Оклахома убиени се шест деца, а наводно ги убиле двајца возрасни кои исто така биле пронајдени мртви – се работи за убиство и самоубиство. Убиените деца биле на возраст од 1 до 13 години.

Американските медиуми јавуваат дека истрагата за ова злосторство во кое загинаа вкупно 8 лица е во тек.

Во куќата каде што се пронајдени телата избувнал пожар, а противпожарната служба и полицијата сметаат дека ниту една од жртвите не починала како последица на пожарот, туку се работи за убиство и самоубиство.

„Засега не веруваме дека некоја од жртвите умрела како последица на пожарот, но конечната причина за смртта ќе ја утврди лекарот“, изјави локалниот шеф на противпожарната служба Џереми Мур.

Кога влегле екипите, пред домот пронашле две мртви возрасни лица со повреди кои покажувале знаци на насилство. Телата на децата биле во спалната соба на задниот дел од куќата, просторијата каде што избувнал пожарот.