вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УЖАС го вознемири светот денес: Убиено цело семејство, меѓу жртвите има и дете

УЖАС го вознемири светот денес: Убиено цело семејство, меѓу жртвите има и дете

Четири лица загинаа во семејна расправија во Орландо, Флорида, а меѓу жртвите има и едно дете, соопшти денеска началникот на градската полиција, Ерик Смит.

„Случај на семејно насилство е пријавен во полиција рано утринава околу 2:28 часот, а кога екипата пристигнала на местото на настанот се слушнале истрели внатре во куќата“, изјави Смит на прес-конференција.

-Осомничениот, кој бил вооружен, потоа излегол од домот и почнал да пука кон полицајците кои реагирале, јавува ABC News.

Полицијата возвратила, а осомничениот подоцна починал од повредите во полициски притвор. Според полицијата, три лица биле застрелани во куќата.

Меѓу жртвите има и дете, кое било пренесено во болница, но подоцна им подлегнало на повредите. Другите две жртви исто така биле убиени со огнено оружје.

Нивните имиња и возраст се уште не се објавени, но се наведува дека се полнолетни.