недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УЖАС ВО АТИНА: Едно лице е убиено, а осум се повредени во инцидентите предизвикани од навивачи на Динамо Загреб

УЖАС ВО АТИНА: Едно лице е убиено, а осум се повредени во инцидентите предизвикани од навивачи на Динамо Загреб

Едно лице, веројатно навивач на АЕК, беше убиено во инцидентите во Атина што доцна синоќа ги предизвикаа навивачите на Динамо Загреб во пресрет на денешниот натпревар на грчкиот и хрватскиот фудбалски тим, а повредени се осум и уапсени над 90 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според неофицијалните информации, група од околу 150-200 навивачи на Динамо Загреб и покрај забраната за присуство на навивачи на гостинскиот тим на натпреварот, сепак со автомобили и автобуси дошле во Атина и кусо пред полноќ стигнале до стадионот на АЕК, кој бил затворен и предизвикале сериозни инциденти.

Грчките медиуми пишуваат дека навивачите на хрватскиот тим ги нападнале навивачите на АЕК, но и обични граѓани кои биле во кафулињата во близина на стадионот во атинската населба Неа филаделфија, при што 22-годишно момче, било избодено со нож од хрватските хулигани и им подлегнал на повредите.

Полицијата, неофицијално уапсила 96 лица, меѓу кои осум, петмина Хрвати и тројца Грци се повредени и пренесени во болница.

.Од уапсените, според истите информации 82 се Хрвати.

Засега во Грција не постои официјално соопштение за инцидентите. (МИА)