недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВАКОВ ПОТРЕС СЕ УШТЕ НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: Ова е најсилниот земјотрес што е снимен некогаш на Хаити, домовите се рушеа како кули од карти (ВИДЕО)

ВАКОВ ПОТРЕС СЕ УШТЕ НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: Ова е најсилниот земјотрес што е снимен некогаш на Хаити, домовите се рушеа како кули од карти (ВИДЕО)

Најмалку 304 луѓе загинаа, а стотици се повредени во разорниот земјотрес што вчера го погоди југозападниот дел на Хаити, соопштија локалните власти.

Земјотресот ја опустоши оваа сиромашна карипска земја, уништувајќи цркви, хотели, училишта, куќи, пренесува Ројтерс.

Земјотресот беше со јачина од 7,2 степени, но по главниот земјотрес, следеше серија послаби земјотреси, од кои утрово беше 5,9 степени.

Епицентарот на земјотресот бил на осум километри од градот Петти труд Нип, околу 150 километри западно од главниот град Порт-о-Пренс, на длабочина од 10 километри, објави Американската геолошка агенција.

Земјотресот ги погоди Куба и Јамајка, а премиерот на Хаити Ариел Анри прогласи вонредна состојба во четирите најпогодени области во земјата и рече дека нема да побара меѓународна помош додека не се дознае обемот на штетата.