Министерството за одбрана на Велика Британија го предупреди персоналот дека им е забрането да патуваат во Украина и дека тие што нема да го почитуваат предупредувањето, ќе бидат дисциплинирани.
„На целиот службен персонал му е забрането да патува во Украина до понатамошно известување. Ова се однесува без разлика дали службеникот е на одмор или не. Персоналот кој патува во Украина ќе се соочи со дисциплински и административни последици“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Предупредувањето уследи по извештајот на „Сан“, во кој се наведува дека 19-годишен гардист, со седиште во Виндзор, напишал проштално писмо до своите родители и купил билет за Полска во текот на викендот, со намера да премине во Украина.
Се верува дека тој е еден од четворицата британски војници за кои се верува дека дезертирале и најверојатно е на пат за Украина, каде Русија спроведува специјална воена операција за „демилитаризација и денационализација“ на земјата.
Секретарот за транспорт Грант Шапс исто така нагласи дека сите британски војници кои ќе се обидат да ја прекршат оваа забрана ќе извршат „злосторство за воен суд“, бидејќи нивните постапки доведоа до „опасна ситуација“.