Владата на Венецуела денеска ќе почне со вакцинирање на деца на возраст над две години против коронавирус. Вкупно 70 отсто од граѓаните на земјата се веќе вакцинирани, соопшти претседателот Николас Мадуро.
– Вкупно 70 проценти од населението на Венецуела е вакцинирано. Морам да ве информирам дека вакцинирањето на децата постари од две години ќе започне во Венецуела од понеделник, 8 ноември, изјави шефот на државата на телевизискиот канал Венезолана де Телевизион (Venezolana de Televisión).
Тој истакна дека до 30 ноември се очекува да се вакцинираат 80 отсто од населението, а до 31 декември 90 отсто.
Според венецуелското Министерство за здравство, повеќе од 412.000 луѓе се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, а 4.955 починале како резултат на инфекцијата. Владата користи вакцини од Русија, Кина и Куба.