среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Два силни земјотреси во Непал, почувствувани и во Индија

ВИДЕО: Два силни земјотреси во Непал, почувствувани и во Индија

Два земјотреси денеска го погодија западен Непал, а едно лице е повредено.

Првиот земјотрес бил со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 5,6 степени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Непал.

Оштетени се некои згради, а активиран е и одрон кој го блокирал главниот автопат.

Земјотресите биле на длабочина од 10 километри, а тресењето на земјата се почувствувало и во делови на Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи.