Во холанскиот град Алмело денеска е изведен вооружен напад, во кој две лица загинаа, а едно е повредено. Осомничениот е уапсен, откако претходно бил ранет, јавија локалните медиуми.
РТВ Оост објави снимка на која се гледа полугол маж со самострел на балконот, додека во заднина се слуша истрел од огнено оружје. Мажот наводно од балконот со самострелот пукал во минувачи.
Полицијата испукала неколку куршуми обидувајќи се да го уапси осомничениот. Очевидци велат дека слушнале повеќе истрели.
Steekpartij #almelo #kruisboog pic.twitter.com/agDbAgkhma
— Ronnie Meijer (@Ronnie_Meijer) September 17, 2021
Полицијата на Твитер прво објави дека ситуацијата е под контрола, но потоа објави дека се работи за ситуација означена со кратенката ГРИП 3, што значи дека тековната ситуација е опасна за граѓаните.
На социјалните мрежи кружат снимки на кои се гледа акцијата на полицијата.
Op deze beelden is te zien dat er een man met een kruisboog op het balkon stond. #almelo #rtvoost pic.twitter.com/35sNdUFkQl
— RTV Oost (@rtvoost) September 17, 2021