петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Евакуирана Амбасадата на САД во Багдад поради протести

ВИДЕО: Евакуирана Амбасадата на САД во Багдад поради протести

Амбасадорот на САД во Багдад, како и дипломатскиот персонал денеска се евакуирани од Амбасадата поради протестите кои се одржуваат пред зградата, соопшти ирачкото Министерство за надворешни работи.

Илјадници Ирачани и припадници на армијата денеска протестираат пред Амбасадата на САД во Багдад поради воздушните напади на американската армија при што загинаа 25 шиитски борци во Ирак.

Дел од демонстрантите фрлаа камења врз Амбасадата на САД,  други извикуваа „Не на Америка“ и „Трамп не“ и вееја знамиња на Хезболах.

Помеѓу демонстрантите има и лидери на одредени воени групи.