вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

(Видео) Хаос на улиците на Израел: Автомобил влета во толпата, повредени тројца демонстранти

(Видео) Хаос на улиците на Израел: Автомобил влета во толпата, повредени тројца демонстранти

Три лица се полесно повредени кога денеска автомобил налета на насобраните демонстранти во Израел кои протестираат против усвојувањето на спорните реформи во судството.

Локалните медиуми објавија видео на кое се гледа како автомобил налетува на мала толпа на автопатот блокиран од демонстрантите, пренесува Ројтерс. Полицијата соопшти дека започнала потрага по автомобилот и возачот.

Во Израел, голем број граѓани протестираат затоа што Кнесетот претходно денеска го усвои нацрт-законот за реформи во судството предложен од премиерот Бенјамин Нетанјаху. Реформата ги укинува овластувањата на Врховниот суд да поништува одлуки на владата и парламентот за кои смета дека се неразумни и штетни.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека владејачката коалиција во наредните денови ќе и се обрати на опозицијата со цел да ги обнови разговорите за спорната судска реформа што денеска ја усвои Кнесетот.

Нетанјаху нагласи дека до последен момент се обидувал да постигне компромис со опозицијата, но оти, според него, опозицијата ја одбивала секоја понуда. Тој додаде дека разговорите ќе продолжат за време на летната пауза во Кнесетот, па дури и до ноември, пишува „Џерусалим пост“.

Можеме да продолжиме да се расправаме и да се расправаме, но можеме и да разговараме и да се договориме“, рече израелскиот премиер во видео обраќањето.

Тој рече дека ниту една партија нема да го преземе Врховниот суд.

„Тоа не смее да се случи. Тоа нема да се случи додека сме ние на власт“, ​​рече тој.

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денеска го отфрли предлогот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за продолжување на разговорите за судските реформи, нарекувајќи го „празен, бидејќи не е во негова јурисдикција“.

„Како што откри секој кој е вклучен во обидот за постигнување широки договори, Бенјамин Нетанјаху всушност не е вистинскиот премиер на Израел. Тој е затвореник на министерот за правда Јарив Левин и екстремно десничарските политичари Симча Ротман и Итамар Бен Гвир“, рече Лапид, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Лапид додаде дека направил сè за да спречи раздор во нацијата““, но рече дека опозицијата нема да биде партнер во преговорите, кои се само празна претстава.

Опозицискиот лидер изјави дека изјавата на Нетанјаху е уште една лага.