четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Хорор во Вирџинија, автомобил влета во паб, повредени 14 лица

ВИДЕО: Хорор во Вирџинија, автомобил влета во паб, повредени 14 лица

Најмалку 14 лица се повредени, од кои четири тешко, откако возило удри во паб и ресторан во Вирџинија.

Во несреќата во објектот избил и пожар, кој бил брзо изгаснат.

Осум лица биле пренесени во болница, од кои четири се во критична состојба. На шест лица им била пружена медицинска помош на самото место, по што биле пуштени дома, соопштила полицијата.

Засега нема детали за тоа како се случила несреќата, но познато е дека возачот е меѓу повредените кои се пренесени во болница.