сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Катастрофална сообраќајка во Америка – се судрија 100 возила, горат камиони

ВИДЕО: Катастрофална сообраќајка во Америка – се судрија 100 возила, горат камиони

Масовен верижен судир се случил во американската сојузна држава Висконсин во кој учествувале 100 возила. Несреќата се случила покрај патот I94 во округот Џексон.

Во судирот учествувале камиони и патнички возила, јавуваат локалните медиуми. Според локалната полиција, во тој реон паѓал леден дожд кој создал крајно опасни услови на патот.

Засега државната полиција и Брзата помош не можеа да понудат попрецизни информации за повредени, но беше констатирано дека патот е блокиран, а граѓаните се предупредени да го избегнуваат тој правец.