вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Ќерката на Садам Хусеин одлучи да проговори, тајните на лидерот на Ирак стануваат јавни

ВИДЕО: Ќерката на Садам Хусеин одлучи да проговори, тајните на лидерот на Ирак стануваат јавни

Саудискиот канал „Ал-Арабија“ открива приказни во кои ќе говори Рагад Садам Хусеин, ќерката на починатиот претседател на Ирак, Садам Хусеин.

Телевизија емитува промо материјал во кој Рагад ги отвора куферите на своите тајни, сеќавањата на палатата на нејзиниот татко во времето на мирот, но и војната.

Во едно од видеата, Рагад изразува загриженост за единството на својата татковина, Ирак, но и страв од поделби.

-Вознемирена сум и не сакам да го гледам ова што денес го гледам, вели таа.

Првиот дел од интервјуто е најавено дека ќе се емитува во понеделник на 15 февруари.