петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Видео кое го шокираше светот: Мајка си го извлече детето од под тркала на шлепер, за влакно избегната трагедија

Видео кое го шокираше светот: Мајка си го извлече детето од под тркала на шлепер, за влакно избегната трагедија

Камерите снимиле несреќа во Виетнам, кога едно дете за малку ќе било прегазено од шлепер.

Имено, во оваа земја е вообичаено целото семејство да се вози на скутер – мајка, татко и дете и тоа често без кациги.

Скутерот со кој се возело семејството имало лесен контакт со автомобил, а во тој момент мајката и детето паднале од скутерот токму кога се разминувале со еден шлепер.

Брзата реакција на мајката ги остави сите без здив. Жената во моментот се снашла и со своето тело го заштитила детето, оттргнувајќи го од тркалата на шлеперот.