Властите во Чиле започнаа истрага за мистериозната дупка со пречник од околу 25 метри која за време на викендот се појавила во рударско подрачје на северот од земјата.
Геолозите започнале со инспекција на дупката која е длабока околу 200 метри, а се отворила во близина на кандскиот рудник за бакар „Лундин Мининг“.
Медиумите во Чиле објавиле снимки од воздух на кои се гледа огромниот отвор во земјата. Националната служба з геологија и рударство ја забележала дупката во саботата, по што веднаш биле испратени екипи.
-Постои значителна одалеченост, од околу 200 метри до дното. Не откривме никаков материјал, но видовме присутност на голема количина вода, изјавил директорот на службата Давид Монтенегро.
Соопштено е дека подрачјето до влезот на рудникот се затвора.