Кога поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони пристигна да гласа на изборите, топлес активистка на ФЕМЕН скокна на масата и му порача дека неговото време е истечено.
На нејзините гради со црн маркер беше напишано “Берлускони, вашето време истече”, а на грбот беше напишан зборот “ФЕМЕН”.
Потоа на избирачкото место настана хаост. Фоторепортерите скокнаа од сите страни да го фатат овој момент, а обезбедувањето насилно ја изнесе активистката надвор.