Оваа недела делови на Аризона беа зафатени од монсунско време, кое беше пропратено со песочни бури. Ѕид од прашина кој се движеше кон градовите многу потестува на Армагедон, пишува Глобал њуз.
Главниот град на сојузната држава Аризона, Феникс го погоди страшно невреме кое дневната светлија ја претвори во мрак во траење од десет часа, носејќи огромни удари од ветер и грмотевици.
Националната метеоролошка служба соопшти дека силната бура со честички од песок позната под името Хабоб патувала повеќе од 400 километри, додека прашината достигнала висина од 6.000 метри.
Хабуб може да биде долг со километри и да достигне висина од неколку илјади метри.
Фотографиите и снимките покажуваат бавно движење на ѕидот од прашина додека преминуваат низ делови од државата. Синото небо набрзо добива портокалова боја.
Huge haboob tonight. Chased it from Eloy to almost Yuma. Made for a long drive home but totally worth it. #azwx #haboob #monsoon https://t.co/AXp13ek04A pic.twitter.com/0PJO50Ts0g
— Greg McCown (@Gregtucson) July 10, 2018