Снимка од француски полицаец кој вперува пиштол кон демонстранти кои го напаѓаат него и неговите колеги го преплави интернер просторот,
Французите се шокирани од ваквата постапка на полицаецот за време на протестите на „Жолтите елеци“.
Според многумина ова е пример за несоодветен полициски одговор. Од друга страна, пак, полицискиот синдикат посочи дека нивниот колега дејствувал во самоодбрана, објави АП.
-Полицаецот со пиштолот ја направи вистинската работа. Тоа донесе момент на пауза што им дозволи на моите колеги безбедно да го напуштат местото, изјави Роко Контенто од полицискиот синдикат.
Според него, постапката на полицаецот била насочена кон одвраќање на демонстрантите.
Истата ситуацијата погледнете ја снимена од друг агол.
Champs-Élysées : Pris à partie, un policier sort son arme pic.twitter.com/NTdHthQvwm
— BFMTV (@BFMTV) December 22, 2018