сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Поранешен министер и новинар се истепаа во живо во програма на телевизија

ВИДЕО: Поранешен министер и новинар се истепаа во живо во програма на телевизија

Во програмата на либанската телевизија МТВ дојде до физичка пресметка меѓу поранешен владин министер и новинар. На крајот се се претвори во општа тепачка, а мораше да интервенира дури и војска.

Во ток-шоуто „Сар Ел-Вает“ (Беше крајно време) на либанската МТВ, водено од Марсел Ганем, се соочија поранешниот владин министер Виам Вахаб, познат по неговите блиски врски со Хезболах и неговите сојузници, и новинарот Симон Абу Фадел, чии ставови често се усогласуваат со ривалската партија Либански сили.

Спорот започна кога дискусијата се сврте кон американските санкции наметнати кон поранешниот министер Вахаб, а ескалираше кога Абу Фадел рече дека „САД ги дисциплинираат Либанците“.

Вахаб потоа го нападна Абу Фадел, а телохранителите на Вахаб интервенираа. Абу Фадел падна на земја, постојано удиран со тупаници додека не беше прекинат преносот.

Припадниците на либанските вооружени сили пристигнаа во просториите на телевизијата за да ја преземат контролата над ситуацијата. Емитувањето подоцна продолжи, при што Вахаб се извини во етерот пред да биде замолен да замине од водителотГанем.

„Она што ми се случи пред еден момент не е ништо друго туку дел од она што им се случи на некои чесни луѓе кои ја платија цената за своите ставови“, изјави Абу Фадел пред камерите откако се појави со модринки на лицето и устата.