Американската војска отвори предупредувачки оган во воздух откако на аеродромот во Кабул се појавила група луѓе на пистата за полетување, кои се обидуваат да побегнат од Авганистан.
Претходно, телевизијата Ал Џезира објави дека аеродромот во Кабул е во хаос поради интензивните летови со хеликоптери кои ги пренесуваат припадниците на дипломатските мисии во Авганистан. Телевизијата информира дека околу влезот на единствениот аеродром во главниот град се собираат огромни групи „граѓани кои се обидуваат да избегаат од Талибанците“.
Претходно, во соопштението, американскиот Стејт департмент вети американската војска ќе ја обезбеди безбедноста на аеродромот во Кабул. Амбасадата на Вашингтон во Авганистан е целосно евакуирана.
– Целиот персонал на амбасадата се наоѓа во просториите на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, чиј периметар го обезбедува американската војска, изјави портпаролот Нед Прајс неколку часа откако Талибанците ја презедоа контролата врз Кабул.
🇦🇫🇺🇸 Conflicto de Afganistán:
En el marco de la Operación Allies Refuge, militares estadounidenses defienden el Aeropuerto Internacional de Kabul no solo de el Talibán sino también de los ciudadanos afganos que quieren salir de inmediato del país. pic.twitter.com/w35GoTwyix— El Druso (@Eldruso) August 16, 2021