среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Пукна брана на хавајскиот остров Мауи, итна евакуација на населението

ВИДЕО: Пукна брана на хавајскиот остров Мауи, итна евакуација на населението

Обилни врнежи од дожд предизвикаа пукање на браната Каупакалуа на хавајскиот остров Мауи, по што властите наредија евакуација на жителите.

Ројтерс пренесува дека отворени се центри за сместување на евакуираните.

-Пукање на браната може да предизвика поплави опасни по животот и значајни штети на имотите и областите, соопшти Хидрометеоролошкиот завод во Хонолулу.