сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Шокантни сцени од Мароко, луѓе со раце копаат низ урнатините во потрага по преживеани

ВИДЕО: Шокантни сцени од Мароко, луѓе со раце копаат низ урнатините во потрага по преживеани

Разорен земјотрес го погоди Мароко, а на социјалните мрежи се објавени бројни видеа на кои се гледа како луѓето панично бегаат за време на потресот. Многумина од нив ја поминаа ноќта под отворено небо.

Штетите се огромни бидејќи голем број куќи се целосно уништени.

На снимките по земјотресот се прикажани шокантни сцени каде жителите со голи раце копаат низ урнатините во потрага по преживеани лица.

Предупредуваме дека некои од снимките може да бидат вознемирувачки.