Во 2022 година, Би-Би-Си ја сними внатрешноста на подморницата OceanGate Titanic која исчезна за време на патувањето до потонатиот брод „Титаник“. Познатиот медиумски сервис ја реобјави снимката.
Американските и канадските тимови за пребарување се тркаат со времето за да го пронајдат бродот, кој еден час и 45 минути по поаѓањето, изгубил контакт со центарот за контрола.
Се верува дека Стоктон Раш, главниот извршен директор на „OceanGate“ кој се појавува во ова видео, е еден од петте луѓе на подморницата која исчезна.
Во подморницата има ограничен проток на кислород. Се пишува, дека е доволен за два дена.
Странските медиуми пишуваат дека спасувачките напори се попречени од бирократијата на американската влада, бидејќи авионот што превезува опрема на британскиот остров Гернзи не може да лета до местото на настанот додека не се потпише документацијата.
„Мора да одиме. Немаме ни минута. Мораме да одиме сега. Оваа опрема седи на пистата со часови. Американската влада вели дека луѓето кои треба да дадат согласност се „надвор од должност“. Тоа е неприфатливо“ – изјави Дејвид Конканон, советник на „Океангејт“.
Конканон, кој претходно водеше експедиција и нурна неколку пати до местото на Титаник, требаше да биде експерт на патувањето до потонатиот брод во неделата – но итен случај на клиент го задржа на брегот.
Тој рече дека секоја минута се брои во трката за наоѓање и извлекување на подморницата.