сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Татко панично ги бара децата под урнатините, детето заглавено

ВИДЕО: Татко панично ги бара децата под урнатините, детето заглавено

По најсмртоносниот земјотрес во историјата на Мароко, социјалните мрежи се преплавени со слики и видеа кои го покажуваат ужасот на трагедијата што ја доживува земјата.

Во едно од застрашувачките видеа што кружат на платформата „Х“, се слуша гласот на татко како ги бара своите деца под урнатините, додека на друго видео се гледа како дете е заглавено под урнатините и не може да излезе.

За потсетување, земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во петокот вечерта го погоди планинскиот венец Висок Атлас во Мароко, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

Повеќе од 1.000 луѓе загинаа, а над 1.200 се повредени.