Споменикот на Кристофер Колумбо во Ричмонд, во американската сојузна држава Вирџинија, беше урнат од демонстрантите, запален и фрлен во езеро.
По уривањето на споменикот, на негово место е поставена табла со натпис „Колумбо претставува геноцид“.
На местото на настанот не беше забележано полициско присуство, но областа беше надлетувана од полициски хеликоптер по уништувањето на споменикот.
– Мора да започнеме од почеток, треба да почнеме со луѓето кои првпат стапнале на оваа земја, изјави еден од демонстрантите.