петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата на Курц го поддржува Западен Балкан во ЕУ

Владата на Курц го поддржува Западен Балкан во ЕУ

Новата австриска Влада на канцеларот Себастијан Курц бара јасна перспектива на пристапувањето во ЕУ за земјите од Западен Балкан и го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во програмата на Владата, во која Танјуг имал увид, во делот кој се однесува на „проширување и надворешни работи на ЕУ“, со напомена дека е неопходна заедничка надворешна политика „со единствен глас“, се истакнува дека треба да бидат отворени пристапни преговори без одложување, односно треба да напредува кога една земја ќе ги исполни одредените критериуми, а размислувањата за нова методологија не смеат да го спречат тој процес.

Австрија, како што се наведува, се изјаснува за брз почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Исто така се додава дека Австрија и понатаму активно ќе ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат, вклучувајќи го и решавањето на билатералните конфликти.