петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Внук на Пабло Ескобар нашол 18 милиони долари, но… (ВИДЕО)

Внук на Пабло Ескобар нашол 18 милиони долари, но… (ВИДЕО)

Внукот на починатиот лидер на колумбискиот наркокартел, Меделин на Пабло Ескобар, открил едно од неговите скривалишта со 18 милиони долари, објави мрежата Red Mas Noticias.

Никола Ескобар вели дека скривалиштето се наоѓало во неговата куќа во Меделин, а парите ги открил во „смрдлива пластична вреќа“.

Сепак банкноти биле во толку лоша состојба што се неупотребливи, а во торбата имало и грутка злато, комуникациски уреди, записи, машина за пишување, пенкало и камера со филм што не може да се развие.

Никола Ескобар, кој е горд на својата врска со наркобосот и рече дека веќе пронашол неколку скривалишта.

Еден од најбогатите криминалци во историјата Пабло Ескобар имал милијарди долари годишен прихо.

Обвинет за околу 6.000 убиства, водачот на нарко картелот беше убиен во 1993 година на 44-годишна возраст во Меделин.