Бројот на лица заразени со новиот коронавирус во Аргентина надмина еден милион.
Во изминатите 24 часа, бројот на потврдени нови случаи на инфекција со коронавирусот во таа држава е 12.982, со што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 1.002.662.
Со тоа, Аргентина стана петтата земја во светот што ја премина границата од милион заразени, по САД, Бразил, Индија и Русија.