Американецот Марк Фрерикс, држен во заложништво во Авганистан две години, денеска е ослободен во акција за размена на затвореници помеѓу талибанците и САД.
– Враќањето на Марк дома беше главен приоритет за претседателот Бајден и неговиот национален тим, соопшти Белата куќа.
Фрерикс е ветеран на морнарицата на САД, кој беше киднапиран во јануари 2020 година додека работел како градежен работник во Авганистан.
– После над две години заточеништво, ветеранот на морнарицата на САД, Марк Фрерикс е на безбедно и се враќа дома од Авганистан. Благодарност до нашиот тим од Стејт департментот, до нашите професионалци од националната безбедност, како и до нашите партнери во Катар. Враќањето на Марк кај своите најблиски е резултат на интензивен ангажман со талибанците, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен.
Фрерикс е ветеран на морнарицата на САД кој беше киднапиран во јануари 2020 година додека работел како градежник во Авганистан.
– После над две години заточеништво, ветеранот на морнарицата на САД, Марк Фрерикс е на безбедно и се враќа дома од Авганистан. Благодарност до нашиот тим од Стејт департментот, до нашите професионалци од националната безбедност, како и до нашите партнери во Катар. Враќањето на Марк кај своите најблиски е резултат на интензивен ангажман со Талибан, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен.
Фрерикс е разменет за талибанецот Хаџи Башир Нурзаи, кој во САД е осуден на 17 години затвор за трговија со дрога. Неговата казна е суспендирана како дел од договорот за размена на заробеници помеѓу Вашингтон и Кабул.