Непознати лица фрлија рано утрово во Бреша фрлија два молотови коктели и делумно го оштетија центарот за вакцинација, шатор поставен во центарот на градот за имунизација и тестирање на Ковид-19, јави весникот „Ил Фато Котидијано“.
Локалната полиција соопшти дека избувнал пожар, но нема повредени. Предизвикана е материјална штета, но не е оштетен делот каде се наоѓа медицинскиот материјал.
Засега не е позната причината за нападот, ниту кој го извршил.
Весникот потсетува дека пред две недели, сличен напад со фрлање запаливи шишиња, беше извршен на влезот во Вишиот институт за здравство во Рим, институција што ги анализира епидемиолошките мерки и дава упатства за заштита. (МИА)