среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Брисел продолжен полицискиот час, заштитни маски задолжителни насекаде

Во Брисел продолжен полицискиот час, заштитни маски задолжителни насекаде

Во Брисел, од понеделник, 26 октомври, маските повторно ќе бидат задолжителни насекаде и во секое време, а полицискиот час ќе биде продолжен и на граѓаните ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 22 до 6 часот наутро.

Работата од дома е задолжителна, каде и да е можно, и сите културни и спортски објекти се затворени, одлучија градоначалниците на 19 градски општини, како дел од зајакнување на мерките за заштита од ширење на Ковид-19.

Продавниците мора да бидат затворени во 20 часот, а луѓето мора да одат на шопинг сами.