Националниот институт за здравство и социјален развој во Финска ќе спроведе истражување на отпадните води во земјата за траги од новиот коронавирус, соопштија од организацијата.
„Институтот започна да собира примероци од финските отпадни води за траги од коронавирусот. Собирањето е во соработка со Универзитетот во Тампере“, пишува во соопштението.
Организацијата соопшти дека претходните студии во Холандија, САД и Австралија укажуваат на тоа дека РНК на коронавирусот е откриена во нечиста отпадна вода.
Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Финска денеска достигна до 4.014, односно за 24 часа се заразени 146 лица, а починати се 98 лица.