вторник, 19. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Германија над 15.000 заразени со коронавирус

Во Германија над 15.000 заразени со коронавирус

Во Германија за 24 часа потврдени се повеќе од 2.500 нови случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број надмина 15.000 луѓе, објавија синоќа германските медиуми.

Центар на епидемијата во Германија и понатаму е покраината Сееврна Рајна-Вестфалија со 4.971 инфицирани лица, а потоа следат Баден Виремберг и Баварија.

Во Германија од новиот коронавирус починаа 44 луѓе, а двајца германски државјани починаа во Египет.

Германската канцеларка и премиерите на германските покраини в недела ќе ја разгледуваат можноста за воведување на полициски час.