недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Германија најмногу смртни случаи од коронавирус за еден ден

Во Германија најмногу смртни случаи од коронавирус за еден ден

Во Германија во изминатите 24 часа од коронавирус починаа 952 лица, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат последните податоци на институтот „Роберт Кох“.

Од почетокот на пандемијата во Германија починаа вкупно 23.427 лица.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во земјата се зголеми за 27.728 – на 1.379.238.