Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 318.387 случаи на Ковид-19. Тоа е рекордна бројка на дневно ниво, јави германската новинска агенција ДПА.
Во изминатото деноноќие имало 300 смртни случаи, а седумдневната стапка на инциденца достигна 1.752, што исто така е највисока досега.
Институтот Роберт Кох (РКИ) денеска соопшти дека за една седмица, првпат биле пријавени над 1,5 милиони заразени во Германија.
Од почетокот на пандемијата во Германија регистрирани се 19.596.530 заболени со Ковид-19, 127.822 смртни случаи и повеќе од 15 милиони оздравени луѓе.