недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Германија рекорден број на новозаразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Во Германија рекорден број на новозаразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Првпат од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Германија, во еден ден се регистрирани повеќе од 250.000 случаи на нови инфекции, објави денеска државниот епидемиолошки институт Роберт Кох.

– Од канцелариите за здравство на сојузните покраини пријавени се 262.752 случаи на инфекција со коронавирус за еден ден, објави Институтот Роберт Кох (РКИ) на својата веб-страница.

Седумдневната инциденца во Германија се зголеми на 1.388, а пред една недела изнесуваше 1.174.

Минатата недела германското Министерство за здравство објави дека така наречениот Омикрон бран го достигна врвот и се очекува пад на бројот на новозаразени.

Во Германија од почетокот на март во сила се нови, помалку рестриктивни мерки за борба против пандемијата.