Полицијата на Хонг Конг уапси 11 лица под сомнение дека минатата година и помогнала на група од 12 активисти да побегнат од градот, објавија денеска локалните медиуми.
Групата планирала бегство во Тајван, а уапсените се на возраст од 18 до 72 години, од кои осуммина се мажи и три жени.
Меѓу приведените е и адвокатот кој ги бранеше уапсените активисти.