петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Лондон се одржува петтиот самит на лидерите од Западен Балкан

Во Лондон се одржува петтиот самит на лидерите од Западен Балкан

Петтиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес денеска се одржува во Лондон, а главни теми на дводневниот состанок ќе бидат унапредување на економската стабилност, безбедност и политичка соработка.

Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, чија цел е да поддржи мирна, стабилна и демократска иднина на Западен Балкан и унапредување на регионалната соработка и евроинтеграција на регионот.

Покрај премиерите на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, Велика Британија како домаќин на самитот ги повика и партнетите од Европска унија – Австрија, Хрватска, Франција, Германија, Италија, и Словенија. Повикана е и Бугарија, која беше домаќин на самитот ЕУ- Западен Балкан во мај во Софија, како и Полска, која ќе биде домаќин на Самитот Западен Балкан 2019.

На Самитот во Лондон првпат ќе учествува и Грција.