сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Романија започна вакцинацијата на деца против коронавирусот

Во Романија започна вакцинацијата на деца против коронавирусот

Здравствените власти во Романија започнаа да имунизираат деца на возраст меѓу 12 и 15 години со вакцината на Фајзер/БиоНТек, објави Дојче веле.

Во главниот град Букурешт, во еден од градските паркови, денеска беа поставени два мобилни пункта, каде што доброволно се вакцинираат оние кои имаат желба за тоа.

Според порталот Хотњуз, вакцината им се дава на деца само со претходно потпишана согласност од родителите.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера ја одобри употребата на вакцината на Фајзер/БиоНТек за деца на возраст од 12 до 15 години, но засега нема официјална согласност од Европската комисија. (МИА)