понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во САД двојно се зголемил бројот на адолесценти кои се предозираат со дроги

Во САД двојно се зголемил бројот на адолесценти кои се предозираат со дроги

Предозирањето со дроги меѓу лицата на возраст од 10 до 18 години двојно се зголемило во САД од 2019 до 2021 година, покажале податоците од студијата која ја објавиле здравствените власти кои посебно предупредиле на ризикот од фалсификувани таблетки кои содржат фентанил.

Просечната месечна стапка на предозирања меѓу адолесцентите се зголемила за 109 отсто од 2019 до 2021 година, објави Центарот за контрола и превенција од болести. Бројот на предозирања со илегално произведен фентанил се зголеми за 182 отсто.

Користењето недозволени дроги меѓу адолесцентите се намалило во текот на истиот период, што сугерира дека порастот на бројот на смртни случаи веројатно е предизвикан од посилни дроги, а не со честата употреба, се наведува во студијата.