Жител на округот Лос Анџелес со сериозно компромитиран имунолошки систем починал од мајмунски сипаници, објави Одделот за јавно здравје во Лос Анџелес.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) исто така го анализирале случајот и потврдиле дека смртта е последица на инфекција со мајмунски сипаници.
Одделот за јавно здравје во Тексас кон крајот на август објави сличен случај на тешко имунокомпромитирана личност која починала откако му била дијагностицирана мајмунска сипаница, но сè уште не е познато дали инфекцијата била директна причина за смртта.
Оние со ослабен имунолошки систем се изложени на поголем ризик да развијат тешка инфекција со мајмунски сипаници, како и децата помлади од 8 години, луѓето со историја на егзема и бремените или доилките, пишува CNN.
Бројот на случаи на мајмунски сипаници опаѓа во последните недели, но неодамнешната смрт во Лос Анџелес е трагичен потсетник дека епидемијата сè уште трае и претставува ризик за некои групи.
Смртните случаи од мајмунски сипаници се исклучително ретки; најчесто се работи за бебиња, трудници и лица со ослабен имунолошки систем, како што е поради ХИВ. Светската здравствена организација (СЗО) објави 22 смртни случаи од околу 58.000 заболени оваа година.