Сите домашни летови во САД денеска се суспендирани до девет часот по американско источно време (14 часот по Гринич) поради голем дефект на системот, објави Федералната управа за авијација (ФАА).
Според ФАА летовите се суспендирани поради пад на Системот за известување за воздушни мисии (НОТАМС).
Пилотите преку НОТАМС добиваат информации за безбедноста пред полетувањето.